На Заев ќе му се суди за примање поткуп

Од:

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе му се суди за кривичното дело „примање поктуп“ откако Кривичниот суд како неосновани ги отфрли приговорите на одбраната и во целост го прифати обвинението по расправата за оценка на обвинителниот акт која се одржа на почетокот од јули.

„Обвинителниот акт на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција е потврден од страна на Советот за оценка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје кој постапуваше во постапка за оценка на обвинителниот акт против осомниченото лице З.З. од Струмица за кривичното дело „Примање поткуп“ од чл.357 ст.5 в.в со чл.357 ст.1 и 2 од КЗ. По одржано јавно рочиште за оценка на обвинителниот акт на 01.07.2015 година, како и по детална анализа на сите приговори поднесени од страна на одбраната, по ценење на фактите и доказите приложени во обвинителниот акт, Советот го одобри во целост, додека приговорите на одбраната ги одби како неосновани“, информираа денеска од Судот.

Од таму додаваат дека предметот ќе биде распределен кај судечки судија од Одделението за организаран криминал и корупција.

Според обвинението што на почетокот од јуни го поднесе Обвинителството за организиран криминал и корупција, Заев се товари дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од 200.000 евра. Наводно претседателот на опозицијата барал поткуп од струмички бизнисмен за да заврши процес на приватизација на државно земјиште.

Одбраната на Заев, пак, тврди дека обвинението нема доволно докази за делото. За снимката која необјаснето протече во медиумите, Заев бараше да биде пуштена во целост за јавноста да види дека не станува збор за поткуп. Според него средствата за кои станува збор се однесуваат за градежни материјали за изградба на црквата бетон, железо и други градежни материјали.

М.В.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски