На УКЛО запишани околу 1.000 бруцоши

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола го заврши првиот уписен рок за студенти во прва година и запишани се околу 1.000 бруцоши.

Од УКЛО-Битола информираат дека во наредните два дена, утре и во петок ќе се реализира вториот уписен рок, а места за упис има во сите универзитетски единици.

– Според конкурсот, УКЛО-Битола во новата академска година може да запише вкупно 3.635 студенти, и тоа 2.005 во државна квота, 1.015 студенти во квота со кофинансирање и 615 вонредни студенти. Како што се очекуваше, по првиот уписен рок исполнета е една третина од можностите и изборот што им беше понуден на кандидатите, и според традицијата, во вториот упис очекуваме зголемен интерес за студирање на универзитетските единици, информираат од УКЛО-Битола.

Право на упис во вториот и во третиот уписен рок, покрај кандидатите со државна и меѓународна матура, имаат и кандидатите кои положиле училишна матура во гимназиско образование или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование со четиригодишно траење.

Пријавување на кандидатите ќе се врши утре и на 14. септември, објавување прелиминарна ранг-листа ќе има на 18. септември, додека запишувањето ќе се врши на 21 септември.

Би можело да ве интересира

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации

Во битолскиот Архив пронајдени нови фотографии на Кемал Ататурк снимени од браќата Манаки

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

На Тумбе кафе пронајдени и безбедно подигнати над 1.400 бомби и гранати од Првата светска војна

Горан Наумовски