На „Титаник“ се прикажуваат уплатници со донации за ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во претпладневниот дел на судското рочиште за случајот „Титаник“ се прикажуваа скенирани уплатници ПП-10 од физички лица со назнака донација ВМРО-ДПМНЕ на износи од 6 до 60 илјади денари.

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова посочи дека тие се уплатувани на неколку исти датуми што се повторуваат и тоа на ист шалтер од исто лице, за што имаат и сведоци кои тоа го потврдуваат, како и дека некои уплатници имаат погрешни имиња, а точни матични броеви.

На почетокот на рочиштето беа изведувани материјални докази. Обвинителката Стефанова посочи дека има околу 5.900 материјални докази и оти со одбраната се согласни доказите да се прикажуваат на екран, а да се читаат само редните броеви под кои се поднесени.

Стефанова рече дека првата група докази се однесуваат на злосторничко здружување и дејствијата преземени во 2011 година. Појасни дека станува збор за злоупотреба на средства за политичка кампања. Беа изведени фактури од фирмите „ДВД ПЕТ”, „Трансмет”, „Секјуриком мултисервис интернационал”, „Полијестердеј”, одземени при претрес во 2017 година, а се однесуваат на периодот 2011-2015 година.

Во судницата беа прикажани и прегледи по налози од аналитички картички, за кои, Стефанова објасни дека покажуваат за тоа како се трошени парите, претходно внесени со уплатниците. Најголем дел од нив се однесуваат на медиуми, како телевизии и радио станици.

Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани на почетокот на денешното рочиште констатира дека од адвокатите на обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, бил известен дека го откажуваат полномошното за негово застапување во постапката.

Судијата Осман Шабани објави пауза и рочиштето продолжува во 13 часот.

Во „Титаник“, покрај Никола Груевски, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се загрозени – загрозени се само милионските шеми и криминалните комбинации на ДУИ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче, 20 дена не е појавен во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски