На „Табановце“ запленет револвер Нагант

Од:

Мобилните царински тимови на граничниот премин „Табановце“ спречија обид за криумчарење револвер, марка Нагант, од белгиско производство.

Како што денеска сооптши Царинската управа, на граничниот премин Табановце за излез од државата, се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовна линија Куманово-Виена. Мобилните царински тимови селектирале за личен претрес патник во автобусот, македонски државјанин. Иако при претресот не биле откриени неправилности, сепак, се појаснува во соопштението, патникот се однесувал чудно и нервозно, што било причина да се изврши и контрола на неговото седиштето. Притоа, помеѓу седиштето и страницата на автобусот, под прозорот, покриен со употребени хартиени марамчиња, бил откриен револвер марка Нагант М 1895, со сериски број 120704, произведен 1898 година во Лиеж, Белгија.

Извршеното вештачење од страна на Министерството за внатрешни работи утврдило дека пронајдениот револвер е огнено оружје во исправна состојба, со калибар 7,62мм, од белгиско производство, кој работи на принцип на двојна акција и има капацитет на цилиндарот (буренцето) од 7 куршуми. Кај револверот  биле воочени прилагодувања со што било овозможено наместо муниција со калибар 7,62мм Нагант, да се вметне стандардна пиштолска муниција со калибар 7,65мм.

Царинската управа на Република Македонија, до Основното Јавно Обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против патникот, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „нНедозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Турција се вооружува за да ја зголеми регионалната предност

Украина од увозник, прерасна во земја извозник на оружје

„Политико“: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

Зеленски: Постои оружје што може да го промени текот на војната

Горан Наумовски

Во Бања Лука се уништени повеќе од 1.500 парчиња оружје

А1он

Словачка нема да испраќа воена помош во Киев