На Табановце се чека до 15 минути за излез од Македонија

Од:

На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила и за излез од државата се чека до 15 минути.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез.

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На патниот правец Кичево-Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори.

Од влезот до излезот на Кичево се изведува надградба на асфалтна подлога.

На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.

На патот Фурка-Дојран, се изведуваат градежно-асфалтерски работи, а поставена е соодветна патна сигнализација.

На патниот правец Велес-Штип се врши реконструкција и рехабилитација од депонијата Велес до с.Лозово.

Би можело да ве интересира

На „Табановце се чека до 40 минути, на „Богородица“ половина час

ВИДЕО: Колони, гужви и чекање за излез преку Богородица и преку Табановце

На Табановце се чека околу 15 минути, на останатите премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути

На „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ се 30 минути

Метеж на ГП „Табановце“ – за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

А1он