На Табановце откриен случај на фалсификувана патна исправа

Од:

На граничниот премин Табановце вчера во 22 часот е откриен случај на фалсификувана патна исправа.

За излез од Македонија се пријавил Г.С. (1987) кој патувал во патничко возило заедно со Б.Е. од Албанија. При проверката е утврдено дека патната исправа на Г.С. е фалсификувана со отстранување на делови од страници, како и вметнување на страници од друга патна исправа.

По извршениот разговор, тој изјавил дека има забрана за влез во земјите на ЕУ, односно во Република Австрија. Тој со оваа патна исправа влегол во Македонија истиот ден во 20:15 часот преку граничниот премин „Долно Блаце“.

Во 23:05 часот, Г.С. е предаден на понатамошно постапување.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари