На „Табановце“ и „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути

Од:

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ за влез и на граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека од 30 до 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што информира АМСМ, денеска од 8:00 – 17:00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на регионалниот пат во село Доброшане кон Свети Николе до место викано Студена Вода ќе биде во прекин.

Во период од 09:00 часот до 14.00 часот поради обезбедување на велосипедска трка, сообраќајот на стариот пат за Крива Паланка на потег на место викано Салон, кај ресторан „Фемили“ по регионалниот пат Куманово кон граничен премин „Пелинце“ до Меморијален центар АСНОМ во село Пелинце ќе биде во прекин.

Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин „Пелинце“ е планирано и за утре.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на скопското ЈП „Паркови и зеленило“

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот

Сообраќајот на Евзони без прекини до крајот на неделата

АМСМ: Изменет сообраќаен режим на делницата Прилеп – Битола од Коридор 10, во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

И денеска Богородица-Евзони блокиран двпати по четири часа, во следните три дена грчките земјоделци ќе паузираат

Катерина Ѓуровски