На „Богородица“ откриени службени пиштоли украдени од обезбедувањето на скопското ЈП „Паркови и зеленило“

Од:

Вкупно девет службени пиштоли кои биле предмет на кривично дело – Тешка кражба извршена на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје се пронајдени во автомобил „Шкода октавија“ сопственост на правно лице од Прилеп при царинска контрола на граничниот премин „Богородица“.

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп кој на 14 јануари го изнајмил возилото од компанијата и со него се обидел преку граница да ги пренесе полуавтоматските пиштоли, скриени во фабричкиот простор помеѓу лимот и тапацирот на автомобилот.

По сериските броеви е утврдено дека станува збор за оружјето кое претходно било украдено од службените простории на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и регистрирано како службено оружје на обезбедувањето во скопското претпријатие.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи.

Би можело да ве интересира

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути

На „Богородица“ за излез се чека околу 45 минути

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“

Гужва на „Табановце“, „Пелинце“ и „Богородица“, се чека и по повеќе од еден час

Горан Наумовски