На струшките плажи повторно удира струја

Од:

46-годишен маж околу 13 часот на женска плажа во Струга го удрило струен удар. Тој во бесознание и кома веднаш е префрлен во струшката општа болница. Дежурниот доктор Мирко Лекоски телефонски за А1 кажа дека пациентот кај нив бил донесен во бессознание, без дишење и без срцева активност.

„Човекот се наоѓаше во клиничка смрт, но со помош на реанимација пациентот е оживеан и моментално се наоѓа во интензивна нега. Но како понатаму ќе одвиваат работите не можеме да кажеме“, изјави за А1 доктор Мирко Лекоски.

Тој кажа дека пациентот е препратен на скопските клиники бидејки имало потреба од понатамошна реанимација и опоравување. Пациентот во болницата го донела екипа на брза помош, кој според нивните кажувања се здобил со струен удар.

Од полицијата рекоа дека човекот настрадал од како претходно поставил водна пумпа во езерото за да вади вода од езерото, но го здрмала струја по што веднаш е префрлен во струшката болница.

 

Би можело да ве интересира

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов