На СОС телефонот 44 пријави за кршење на детските права

Од:

Првата детска амбасада во светот Меѓаши во периодот од ноември 2016 до мај 2017 година остварила 44 контакти со дојавувачи за вкупно 50 деца потенцијални жртви на кршење на детски права, од кои 27 случаи на кршење на правото на детето во текот на бракоразводни постапки и десет случаи на семејно насилство, покажува шестмесечниот извештај за работата на СОС телефонот.

Извештајот го претстави Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС телефонот 0800 1 2222, на денешната прес-конфернеција по повод 17 мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот.

– Најголем број дојавувачи се машки возрасни лица и од урбани средини. Четири од дојавувачите се деца, а по националноста, најголем број или 41 се од македонска, три од албанска и еден од ромска националност. Јавувањата се преку телефон, фејсбук страната или преку електронска пошта. Нешто што е тренд, е дека децата се јавуваат да бараат директна помош и поддршка во форма на психолошко советување и психотерапевтски третман, изјави Зенговска.

Посочи дека загрижува односот на родителите и нивниот страв за презентирање и заштита на било која форма на прекршување на правата на децата и нивната одговорност за заштита своите деца.

Претседателот на Меѓаши Драги Змијанац, рече дека е загрижувачки тоа што по 24 години работа на СОС телефонот нема подобрување на состојбата со почитување на правата на децата во пракса и сме сведоци на тоа кога детето и сторителот на делото се на улица, а државните институции не постапиле согласно протоколите за заштита на децата.

– Во многу случаи зборуваме за сексуална злоупотреба на деца, во последно време од постар на помал малолетник. Поразително е кога знаете дека насилството е регистрирано во училиштата, не е дојавено на време во центрите за социјална работа и полицијата, родителот нема доволно информации што се случува на детето или не ги забележува промените во однесувањето, задоцнето реагира до полицијата, а полицијата за време на викенд не ангажира судска медицина и малолетнички инспектор за да ја докаже вината и се пролонгира пет или шест дена од настанувањето на случајот, изјави Змијанац.

СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 постои 24 години и досега се регистрирани 20.581 повик.

Би можело да ве интересира

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Четири лица се уапсени од вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Девојче сакаше да се самоубие поради насилниот татко, а скопјанка скокна од возило за да се спаси од насилниот сопруг

За 24 часа: Полицијата интервенираше по пет пријави за семејно насилство, приведени двајца

Горан Наумовски

Скопјанец ја повреди сопругата и нејзината мајка, се закануваше дека ќе си го убие детето

Горан Наумовски

Седум случаи на семејно насилство за едно деноноќие: Четири лица се уапсени