На Ротари конференцијата во Охрид усвоена резолуција за поддршка на мирот и просперитет на Балканот

Од:

На Балканот треба да се гледа низ призма на иднината, не на минатото, неопходна му е целосна интеграција кон Европската унија и побрз економски раст и подинамичен економски развој.

Ова се заклучоците на регионалната Ротари конференција што се одржа во Охрид на тема „Иднина на регионот“, на која учествуваа околу 250 „ротаријанци“ од Албанија, Бугарија, Северна Грција, Србија, Турција, Црна Гора, Косово и Македононија, како и реномирани членови на Ротари и експерти од светот. Ротаријанците усвоија и кратка резолуција за подршка на мирот и просперитет на Балканот.

Учесниците на конференцијата сметаат дека на Балканот му се потребни лидери кои гледаат кон иднината и дека евроинтеграцискиот процес треба да се забрза. Според нив, побрз економски раст и подинамичен економски развој на Балканот ќе се постигне преку зајакнување на регионалната соработка, како институционалано, така и во областа на транспортот, енергетиката и животната средина.

– За прв пат во нивната со илјадници години долга историја луѓето и народите на Балканот ја имаат можноста да бидат свои архитекти, односно самите да ги обликуваат државите, нивните билатерални односи, како и интеграцијата на регионот во ЕУ, истакна претседателот на 62. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, Срѓан Керим на отворањето на Ротари конференцијата.

Како резултат на присуството на НАТО, тој забалежа дека безбедносната сотојба на Балканот е значително подобрена.

– Поголемиот дел од земјите станаа членки на НАТО во текот на последната деценија, со исклучок на Босна и Херцеговина, Македонија и Србија. Што се однесува до БиХ и Македонија само прашање на време е кога тие ќе станат дел од НАТО, а Србија најверојатно ќе добие неутрален статус, сличен на оној на Финска и Австрија, смета Керим.

Процесот на интеграција на Балканот во безбедносниот НАТО систем и последователно членството во ЕУ за сите земји во регионот, според него, сигурно дополнително ќе ги намали сите можни фракции и тензии.

Поранешниот координатор на Пактот за стабилност Ерхард Бусек смета дека меѓународната заедница не е фер кон Македонија која долго време стои пред портите на ЕУ и НАТО.

– Мислам дека е штета што работите не се придвижуваат нанапред. Јас сум екстремно критичен по ова прашање, особено кон земјите членки на ЕУ кои треба да извршат притисок кон своите партнери, посебно кон Грција за да се придвижат работите нанапред. Сметам дека сегашната ситуација не е фер кон Македонија која е значајна не само како место на карта, туку генерално, изјави Бусек.

Поранешниот амбасадор на САД во Македонија и актуелен професор на Универзитетот во Денвер, Кристофер Хил рече дека е фрустриран од бавните евроинтеграции и ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Тој подвлече дека е многу важно земјата да се интергира во меѓународните структури, затоа што фрустрациите кои постојат кај граѓаните можат да се продлабочат во негативни чувства кон евроатлантските интеграции.

– ЕУ не е чудотворен лек кој може да ги излекува сите проблеми на Македонија, но секако може да помогне. Не ја обвинувам Македонија, бидејќи за танго се потребни двајца. Сметам дека е потребно да се стави акцент на дипломатијата за решавање на проблемот со јужниот сосед. Се надевам дека тоа ќе биде врвен приоритет затоа што од исклучителна важност за иднината на Македонија е таа да се интегрира во ЕУ и НАТО, рече Хил.

Проблемот кој го има Македонија, според него, ако се гледа глобално не е голем, но, очекува поактивен пристап од Вашингтон и ЕУ во негово решавање.

Сојузот на ротари клубови од Македонија, според координаторот Сашо Христовски, ја организира конференцијата за иднината на Балканот со цел да даде малку појасна слика за состојбите во регионот и пошироко, но и за иднината која не очекува.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа