На ревизија или на преглед, ама Рамковниот ќе биде на тапет

Од:

Во заклучоците кои министрите за надворешни работи на ЕУ, на редовниот декемвриски самит, треба да ги усвојат деновиве во Брисел, се бележи влошување на состојбата со демократијата, пишува Мета.

Поздравувајќи го фактот дека во земјата европската агенда „останува стратегиски приоритет“, министрите истакнуваат дека мора да се намали партизацијата на државните институции, а Советот ги повикува опозицијата и власта да ја надминат политичката криза и да најдат заеднички јазик и повикува на воспоставување поголема доверба помеѓу етничките заедници. Министрите се осврнуваат и на прашањето за името, повторувајќи дека е потребно пронаоѓање заеднички прифатливо решение.

Во делот за Охридскиот рамковен договор, трета година по ред стои заклучокот: Ревизијата на Охридскиот договор треба брзо да биде комплетирана и нејзините препораки спроведени. (The review of the Ohrid Framework Agreement needs to be completed rapidly and its recommendations implemented).

Како и изминативе две години, така и оваа, зборот review (ревизија) предизвика полемики. Имено се поставува прашањето дали во заклучоците на министрите за надворешни работи на Европска Унија се мисли на ревизија или на преглед на Охрискиот договор.

Според аналитичарот Мерсељ Биљали, тоа е дипломатски речник на Европската Унија.

– Овој збор може да се протолкува и на двата начина и како ревизија и како преглед. Европската Унија за Рамковниот договор сака да се произнесе афирмативно, а не рестриктивно – вели Биљали.

Тој, сепак, вели дека клучиот проблем е во нереализирањето на Охридскиот договор, чиј краен рок за исполнување на одредбите беше во 2004 година.

– Проблемот со нереализирањето на Охридскиот договр е човечки фактор. Сите партии, и македонски и албански, не сакаат да си го расипат комодитетот, па го оставаат ова прашање нерешено. Нешто слично се случува и со агендата за евроатлантските интеграции на Македонија – заклучиува Биљали.

Исто размислува и аналитичарот Рамадан Рамадани, кој вели дека Рамковниот договор е партиска алатка на ДУИ за раководството на оваа партија да ги оствари своите лични амбиции. Сепак, сите партии, и од двата кампуса, сакаат да го заобиколат овој договор со што остануваат нерешени проблемите на Албанците.

Што се однесува до заклучоците на министрите за надворешни работи на ЕУ за овој договор, Рамадани вели дека се посочува на квалитетот на имплементацијата.

– Веќе две години од Владата се бара да подготви квалитативна анализа, но тоа не е сторено. Веќе 10 години се одолжува рокот за завршување на имплементацијата на Рамковниот договор и сè уште тој стои во место – истакна Рамадани.

Различното толкување на зборот „review“ почна во 2012 година, по објавувањето на заедничката колумна на тогашниот еврокомесар Штефан Филе и на премиерот Никола Груевски во дневниот весник „Дневник“.

Тогаш од Владата реагираа дека колумната на премиерот Груевски и на еврокомесарот Филе е напишана на англиски јазик, усогласена и потврдена на ниво на кабинети, и така е испратена до медиумот каде е објавена.

„Очигледно е дека имаат грешка во преводот. Во англиската верзија на колумната нема збор ревизија (revision) туку преглед (review) и се однесува на извештајот за реализација на Охридскиот рамковен договор кој е усвоен од Владата. Ревизија и преглед се сосема различни термини, од лексички и од политички аспект“, стоеше во реакцијата на портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

A1on

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ