На Попова Шапка половина метар снег

Од:

На зимско рекреативниот центар Попова Шапка наврна речиси половина метар снег, пренесува Утрински весник.

Во низинскиот дел во Полошкиот регион снегот го направи своето. Наврнаа повеќе од 20 сантиметри, додека како се оди кон планинските предели, така и висината на снежната покривка е се’ поголема.

Од шарпланинските села Вешала и Јеловјане дознаваме дека снегот достигнува и до 30 сантиметри. Во текот на вчерашното претпладне кон овие насоки не поминале снегочистачи. Од соседното село Седларево, кое е во состав на општината Желино, претседателот на месната заедница Ислам Јусуфи ни рече дека снежната покривка надминува 35 сантиметри и дека патот до Групчин не е расчистен, пишува Утрински.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато