На јавниот сервис МРТ, во директен пренос започна лото-вработувањето на 1.600 нови надминистративци.
Од пријавените 23.731 лице, лотаријата ќе одлучи кои 1.600 среќници ќе бидат вработени.
Од пријавените 15.000 се со средно образование, 5.000 се со високо образование.
36 проценти од пријавените доаѓаат од семејство каде нема ни еден вработен. Најмногу пријавени има од Скопје.
Во студиото на МТВ се министерот за финансии Зоран Ставревски, за информатичко општество Иво Ивановски и директорот на Македонски шуми Жарко Караџовски.
Огласот беше распишан за вработување на лица од четири социјално ранливи категории – долгорочно невработени, самохрани родители, лица од многудетни семејства и семејства без ниту еден вработен.