На локалните избори во Штип право на глас имаат 41.777, а во Пласница 4.954 гласачи

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за изборите за градоначалник што на 13 декември треба да се одржат во Штип и во Пласница. Во Штип право на глас имаат 41.777 гласачи, додека во Пласница 4.954 гласачи.

– По промените кои се направени ДИК го заклучува Избирачкиот список со следбава состојба: За градоначалник на општина Штип вкупен број на запишани избирачи во Избирачкиот список има 41.777, од нив во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип се запишани 39.605 гласача, во посебниот избирачки список што се однесува на лиџа кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор се запишани 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи, изјави потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Во Пласница право на глас имаат 4.954 гласачи, од нив во странств се запипани 372 и еден гласач е во затвор или притвор.

ДИК на седницата го усвои Упатството за гласање на избирачки места со помалку од десет гласачи. Од вкупно 89 избирачки места во Штип и Пласница во четири избирачки места има помалку од десет избирачи. Овие лица ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место.

Утре почнува изборната кампања за локалните избори во Штип и Пласница, што треба да се одржат во најспецифични услови досега имајќи ја предвид состојбата со Ковид-19. Изборите се на 13 декември, а два дена претходно треба да гласаат лицата со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката