ВИДЕО: На Латас може да му застарат за прогон 5 години даночно затајување во „Тотал“

Од:

Предметот „Тотал“ кој е оформен за кривичното дело сторено во период од 1 јануари 2008 до 15 март 2016 години, за даночно затајување за даночните години од 2008 до 2015, а во кое е обвинет Драган Павловиќ Латас, може делумно да застари, рекоа на денешниот брифинг за новинари, граѓански организации од проектот „За правда“.

Имено, Латас и неговите фирми, во овој предмет на СЈО се обвинети по член 279 став 2 од КЗ (даночно затајување), за кој е предвидена казна од минимум 4 години.

Со донесените измени во КЗ лани се воведе нов член 279-а „даночна измама“, кој предвидува дека „тој што со намера за себе или за друг да стекне противправна имотна корист, на даночниот орган ќе му даде лажни податоци во даночната пријава, со што ќе го доведе во заблуда даночниот орган, со цел неоснованo да побара враќање на данок или намалување на обврска за данок, од поголема вредност, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години и со парична казна.”

Доколку под овој член се подведат дејствијата на обвинетиот наведени во обвинителниот акт, а кои се однесуваат на давање лажни податоци во книговодствената евиденција, завршните сметки и даночните пријави за фактите од влијание за утврдување на износот на даночните обврски кои требало да бидат платени, а кои правните лица и обвинетиот одбегнале да ги платат, тоа значи дека дел од делото може да застари за кривично гонење.

Доколку наведените противправни дејствија се подведат под ова ново кривично дело, СЈО може да го преквалификува обвинението. Со преквалификацијата обвинетиот Латас ќе се соочи со нова предвидена казна затвор, која е во висина од 6 месеци до 3 години. Тоа значи дека во согласност со одредбите за застарување, за ова дело ќе настапи апсолутна застареност за 6 години. Но, бидејќи ова дело е продолжено кривично дело со траење од 2008 година до 2016 година, значи дека СЈО освен преквалификацијата, може да интервенира и во обвинението, кое се однесува на временскиот период. Латас на тој начин ќе може да биде гонет само за даночно затајување сторено пред да настапи застареноста, поточно за периодот по 2013 година.

Поточно, со обвинението ќе треба да биде опфатен периодот од 2013 до 2015 година, со што 5 години даночно затајување веројатно ќе му бидат „простени“ на Латас.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он