Потпишувањето на извештајот за настите од 24 декември од преставниците од ВМРО-ДПМНЕ, Благородна Дулиќ и Илија Димовски, и на двајцата од СДСМ, Рената Десковска и Љубомир Фрчкоски, како и од претседателот на комисијата, Борче Давитковски, не е регистрирано од тв камерите и фото-апратите.
Снимателите и фото-репортерите останаa надвор на барање на преставниците на ВМРО-ДПМНЕ кои не сакале чинот на потпишувањето да биде снимен.
Соломонското решение било камерите сепак да не бидат пуштени а по потпишувањето претседателот Давитковски да го соопшти тоа. Потпишувањето, како што објавивме беше денеска напладне во клубот на пратениците, местото каде и што се одвиваа мачните усогласувања за вистината за црниот 24 декември.