На Халкидики се удави македонска државјанка

Од:

Вчера попладне 75-годишна македонска државјанка била извлечена без знаци на живот на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак на Халкидики, веднаш ѝ била укажана прва помош од екипа на итната медицинска служба, по што била пренесена во болница, но лекарите констатирале смрт.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека крајбрежната управа на Неа Муданија била информирана дека „75-годишна странска државјанка (државјанка на Македонија) била извадена без знаци на живот од плажата Созополи, во општина Неа Пропонтида“.

По пристигнувањето на возило на брзата помош ѝ била укажана прва помош, а потоа пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што била констатирана смрт.

Дополнително информираа дека во рамките на прелиминарната истрагата било наредено да се изврши обдукција во Институтот за судска медицина во Солун.

Ова е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи за оваа сезона. Во изминатите два месеци животот го загубија 20-годишно момче на првиот крак на Халкидики, 77-годишна жена на вториот крак и 80-годишен маж во близина на Кавала.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје