На Груевски и за „Титаник“ ќе му се суди во отсуство

Од:

Судечкиот совет кој го води предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности, предводен од судијата Осман Шабани, одлучи на експремиерот Никола Груевски за овој случај да му се суди во отсуство.

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова го образложи барањето за судење во отсуство повикувајќи се на членот 365 од ЗКП во кој се вели дека доколку обвинетото лице е во бегство и е недостапно за државните органи, треба да му се суди во отсуство.

– Предлогот на одбраната, на Груевски да му се суди во раздвоена постапка не треба да биде прифатен бидејќи нема законска основа. Во членот 29 од ЗКП на кој се повикува адвокатот на Груевски, Еленко Миланов е наведено дека судот може од важни причини или причини од целесообразност да ја раздвои постапката, но причината бегство не е ниту едно од овие 2. Во членот 365 од ЗКП точно е определено доколку обвинетиот е во бегство и не е достапен на државните органи, ќе му се суди во отсуство. Тоа значи дека членот 29 бегството не го регулира односно ако лицето е во бегство да му се суди во раздвоена постапка, па да се чека лицето да биде пронајдено за да започне постапката. Исполнети се сите законски услови на обвинетиот да му се во отсуство, рече обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Обвинителката побара и мерка притвор за Никола Груевски за предметот “Титаник” кој би започнал откако тој ќе биде пронајден.

По овој предлог на Стефанова судот изјави дека ќе се произнесе понатаму ив постапката.

Покрај Титаник на Груевски во отсуство ќе му се суди и за уште два предмети по кој е обвинет, „Насилство во Центар“ и „Траекторија“.

На минатото рочиште адвокатите на осудениот експремиер изјавија дека барањето на СЈО на Груевски да му се суди во е неосновано и дека со тоа ќе му бидат одземени основните човекови права односно правото на одбрана бидејќи доколку биде донесена талква одлука Груевски ќе нема можност да ги испрашува сведоците во случајот. Одбраната на Груевски побара наместо судење во отсуство, судењето за случајот да продолжи со издвојување на постапката.

Денешното рочиште за „Титаник“ продолжува со репродуцирање на незаконски прислушуваните телефонски разговори.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи