На гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања

Од:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни: петок: 17:00 – 22:00 часот, сабота: 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите. Временските интервали се следни: петок: 15:00 – 22:00 часот, сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела: 07:00 – 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ

„Падна“ компјутерскиот систем на граничните премини во Србија

Горан Наумовски