Студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ-Скопје со пригодна програма го одбележаа 1. Декември – Светскиот ден за борба против сида.
Организирани од македонската асоцијација на студенти по фармација MPSA, студентите јавно посочија дека потребно е зголемување на свеста кај луѓето за заштита од сидата како болест и најавија зачестени кампањи во функција на јавното здравје.
– Со секоја нова кампања расте задоволството и возбудата кај сите студенти, а посебно кај најмладите, идните фармацевти кои заедно со нас придонесуваат за подигнување на свеста на популацијата. За успешноста на нашите студентски акции значајна е и поддршка од наставниот кадар. Во овие времиња, во овој век, треба да се знае дека Сидата е болест која претставува последна фаза од инфекцијата со вирусот ХИВ, се карактеризира со прогресивно слабеење на имунолошкиот систем и пациентите се подложни на голем број инфекции и тумори, рече меѓудругото студентката Искра Танушевска, организатор на јавниот настан на Фармацевсткиот факултет при УКИМ-Скопје.
Меѓународниот ден за борба против СИДА се одбележува од 1988 година и е дел од официјалните здравствени кампањи организирани од Светската здравствена организација.