На дневен ред на Собранието дојдоа интерпелациите за Маричиќ и Николовски

Од:

Собранието попладнево најпрво ја продолжи 39. седница на која едногласно ги донесе законите за изменување на Законот за енергетска ефикасност и за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој. Потоа, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата и информира дека Собранието продолжува со работа по 41. седница.

За продолжението на 39. седница, рече Џафери, пратениците ќе бидат дополнително информирани.

Во салата се присутни повеќе од 61 пратеник. На дневен ред се околу 60 точки меѓу кои и две интерпелации, на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Во рамки на попладневното продолжение на 41. седница, по 15 часот, пред потпретседателот Горан Мисовски да даде кратка пауза за подготовка на 39. седница, Собранието заврши со расправите по повеќе предлог-закони во второ читање за кои гласањето ќе биде дополнително закажано.

Пред утврдувањето на дневниот ред на 41. седница, пак, пратениците не ги усвоија предлозите на Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица кои предлагаат по скратена постапка да се донесе законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање пациенти со КОВИД-19 во приватните задравствени установи. Во претпладневниот дел од седницата не беше усвоен и предлогот на група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ кои предлагаат по скратена постапка да се донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието