На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Од:

Една година по промената на името во Република Северна Македонија, бугарските власти на граничниот премин „Ѓуешево“ сè уште работат со старото име „Поранешна југословенска Република Македонија“, објави Бугарското национално радио (БНР).

Новото име Северна Македонија се уште не е внесено во електронскиот систем на граничниот премин, потврдува цариник на ГП Ѓуешево.

Не се сменети ниту сообраќајните знаци на патниот правец Ќустендил – Ѓуешево.

Од подрачната канцеларија за одржување на патиштата во Ќустендил немаат конкретен одговор дали се подготвуваат и кога би можело да бидат поставени нови патокази со името Северна Македонија.

Сепак, новото име го има на неколку места во меѓуграничниот простор, а се употребува и во електронскиот систем за издавање вињетки за патување низ Бугарија, пренесува БНТ.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција