На Балканот ништо ново! Македонија тоне…

Од:

Математички точно пресметан тајминг и начин на политичко дејствување на коалицијата ДПМНЕ – ДУИ. Равенка со две непознати за нас граѓаните но со точен резултат ковертиран во главите на лидерите и нивните најблиски соработници во Скопје и Mала Речица.

Прво имаме најава на кандидат за претседател, кој е неприфатлив за коалициониот партнер и ,,молба,, упатена во интерес на државата до другиот партнер за консезуален кандидат прифатлив од двете страни. Поим непознат во демократијата, позајмен од времето на Боро и Рамиз. Нормално предлогот е одбиен и се оди на предвремени парламентарни избори, при што е најавен бојкот на претседателските избори. Сложената равенка со две непознати станува навидум лесно решлива и се бара друг партнер  – ДПА. Дотогаш искажана незаинтересираност за претседателските избори, демек албанскиот електорат нема никаков политички интерес, се случува Сушико. Телешки бифтек со сок од лимон и ете мотив повеќе кандидатот од ДПА има шанса да влезе во вториот круг и тогаш во интерес на албанците ќе се бара….Чиста ситуација, права демагогија.

Втор круг претседателски избори споен со парламентарните каде ДУИ и сега најавува бојкот на претседателските избори ама затоа бара 25 пратеници за промена на устав и консензуален кандидат за претседател биран во собрание. Од коњ на магаре, ќе рече народот ако нешто не функционира како што треба. ДПМНЕ бара 63 да не биде уценуван од ДУИ. Еден гледач во една утринска програма од Прилеп побара 63 пратеници затоа што Алија ќе ни ја земел државата. Во ДУИ молк, си тера по свое ама затоа тука е ,,војводата,, па ќе изјави и еден пратеник да освои во влада ќе влезе. Кампањата продолжува и секој ден ДПМНЕ ќе се фали со отчетот и програмата но често пати потенцира дека СДСМ ќе клевети, ќе изнесува невистини зошто нема програма. Го припрема народот дека се е лага што ќе го изнесе опозицијата.

Во меѓувреме се сервира првото мени од лидерот на ДУИ, дека тој е еден од заслужените борци за распад  на СФРЈ. Зошто баш сега го кажува ова? За да даде до знаење на некој си сили, институции, поединци или групи, замене непознати во моментов, дека не се плаши. СДСМ ни го сервира второто мени со 80 илјади евра каса прими и 1,5 милиони евра македонска банка.

Завршиа изборите и двете страни си го добиа тоа што го посакуваа. СДСМ не ги признава изборите. На прес конференција се огласи ДУИ дека победниците ќе формираат  влада, со тоа што ДУИ ќе атакува на едно од трите клучни ресурси – претседател на собрание да само по неколку дена ДУИ се откаже од барањто. Се јавија албанските интелектуалци искажувајќи разочарување на албанското гласачко тело и фиаско на ДУИ и лидерот, заборавајќи притоа  дека Ахмети е производ и дел од албанската моќна дијаспора.

Скромен некој ќе помисли политички немоќен со 19 пратеници, збор неможеш од уста да му извлечеш со една единствена цел : да се зголеми македонското национално ткиво, да се проголта менито сервирано од СДСМ. Истовремено се случуваат непријатни настани за мене опасни по безбедно – политичката ситуација на РМ. Претепување во автобус на жител од Бутел, во Чаир и настанот во Радишани на едно албанско семејство.

Ќе ве потсетам 2001 година : Љуботенски бачила, жртви на граѓани од село Љубанци а на ова семејство од Радишани влакно не им фали. Пред две години Смилковско езеро : убени четири млади момчиња од Радишани, на истото семејство отпадок од семка не му е фрлено пре семејната куќа.

Како сега за време на овие избори се појави нетрпеливост, прво физички напад па после и бомба фрлена на имотот. Тежиштето на нетрпеливост да се префрли меѓу народот.

Групирањето  на албанското население за одбрана, зашто секој од ,,нив,, може да се најде во ситуација како ,,нивните,, од Радишани. Решението е кај лидерите. Ќе чекаме да ни го испорачаат. Ни се случи Ѓорче, Смилковско езеро….

 

 Даниел Пауновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска