На 6-ти ноември завршни зборови за „Тврдина 2“

Од:

Адвокатите на ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујевски, бараат судот да им наложи на другите оддели во УБК да им достават примероци т.е. копии од списите кои биле уништени. СЈО тврди дека ништењето било во Петтата управа.

Адвокатите Љупчо Шврговски и Петар Василев велат дека копии од уништените списи има во другите оддели на УБК. Шврговски побара судот да им наложи на одделите во УБК да им ги достават копиите. Според обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, барањето на адвокатите не го негира фактот дека списите се незаконски уништени.

Судијката го опомена адвокатот Шврговски, кој се насмеа додека говореше обвинителката Ленче Ристоска. „Со колегата ќе се смеете надвор”, му рече судијката на Шврговски.

Адвокатот Петар Василев рече ништењето на архивскиот материјал може да се гони прекршочно, а не кривично.

„Државниот архив нè извести дека никогаш од УБК не е побарано ништење на документацијата”, рече обвинителката Ленче Ристоска. Според обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, ова е теза на одбраната за одолговлекување на постапката.

Шврговски праша зошто СЈО има отпор да се дознае какви списи се уништени, дали станува збор за лекарски уверенија, решенија за годишен одмор, државна тајна или документи за поправки на возила?

„Да, има документи и за влез во читална, но на 2 страници има докази за акти кои никаде не се доставени, а се генерирани во УБК“, рече обвинителката Ристоска објаснувајќи дека на страница 8 и 9 има токму такви документи кои се однесуваат на следење на комуникациите.

Судијката го одби барањето на адвокатите на Грујевски судот да бара копии од УБК и БЈБ од уништените документи. Таа образложи дека тоа е непотребно бидејќи тоа може да се констатира од веќе изведените докази.

Со тоа заврши доказната постапка за предметот „Тврдина 2“ во кој првобовинет е ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујевски, со уште шест службенички во УБК.

На 6 ноември ќе бидат изнесени завршните зборови во случајот „Тврдина 2“.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов