На 27 декември пресуда за ексдиректорот на ЕЛЕМ во „Тарифа“ на СЈО

Од:

Во кривичниот суд на 27 декември ќе биде објавена пресудата за случајот „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. На денешното рочиште беа изведени завршните зборови на двајца бранители и обвинетите.

Обвинети во предметот „Тарифа“ се ексгенералниот директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски. Предметот го суди судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Според СЈО, тие незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација.

Сите обвинети на почетокот на судењето се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинителот Трајче Пеливанов во воведните говори за предметот рече дека обвинетите ја злоупотребиле службената положба за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на АД „ЕЛЕМ“ со што ѝ причиниле имотна штета на компанијата од 456.560 евра.

Судењето почна на 19 декември 2017 година и траеше точно две години, а на обвинетите, доколку бидат осудени им се заканува казна затвор од најмалку пет години.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска