На 23 март ексобвинителите од СЈО ќе сведочат за „Рекет“ по предлог на Јанева

Од:

Рочиштето за случајот „Рекет“ ќе продолжи утре со изложување материјални докази предложени од адвокатите на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, која е второобвинета во случајот.

На 23 март, пак, пред судот треба да се појават дел од поранешните колеги на Јанева, како сведоци предложени од одбраната. Ќе сведочат обвинителите Ленче Ристоска, Трајче Пеливанов, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Денешното рочиште се уште трае. Веќе неколку часа првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 покажува фотографии пред судот од неговиот профил на „Инстаграм“, како доказ дека запленетата гардероба и накит не ја купувал со пари од рекет, туку дека истата била купена одамна.

Тој почна со фотографии од 2013 година, а после три часа, стигна со презентација на фотографии до 2016 година.

Јовановски вели дека инстаграм-фотографиите можат да се приложат како доказ затоа што на социјалните мрежи се регистрира датумот и времето кога е направена фотографијата.

Боки 13 истакна дека тие предмети што ги опишува се одземени од Обвинителството без никаква основа. Осомничениот наведува каква облека, накит, аксесоари или чанта носи на предметната фотографија, како и од кој бренд се предметите и датумот кога е објавена фотографијата на социјалната мрежа.

Денешното рочиште ќе продолжи со приложување докази од негова страна.

Би можело да ве интересира

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски