МЖСПП: Винил Хлорид Мономерот безбедно пристигна во Германија

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина денеска соопштија дека цистерната под притисок со Винил Хлорид Мономер безбедно пристигна во Германија и се чека согорување на оваа опасна материја.

-Имено, согласно известувањето добиено од фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина кој го надгледуваше целиот процес, постапката за извоз и безбедно транспортирање на Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) од локации и производни погони во кругот на АД “ОХИС” Скопје, комплетно е завршена, се наведува во соопштението од МЖСПП.

На 29 септември оваа година, согласно законските прописи за транспорт на ваков вид на опасен отпад, однапред била испратена најава дека ќе се врши извозот и биле известени надлежните институции и гранични премини на Северна Македонија, транзитните држави (Србија, Хрватска, Словенија и Австрија), како и земјата увозник – Германија.

-На ден 02.10.2020 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно со помош на соодветна дигалка се изврши утовар на цистерната во која беше преточен Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) на транспортно возило сопственост на транспортерот ДЕНИС Гал – Бугарија, која ги поседува сите лиценци за меѓународен транспорт за ваков вид на опасен отпад. Во истиот ден започна и се заврши царинската извозна постапка и веќе околу 17часот транспортното возило товарено со цистерната со Винил Хлорид Мономер ја напушти територијата на Северна Македонија, се посочува во соопштението .

Транспортот, како што се наведува, се одвиваше без никакви проблеми и на ден 6 октомври транспортното возило со цистерната со Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) пристигна на терминал во Германија каде се заврши царинската постапка, за потоа да се упати кон согорувачот SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbh во Schkopau Germany. Истиот ден се извршил и прием и цистерната е безбедно истоварена кај согорувачот.

-Согласно распоредот на согорувачот во идниот период очекуваме повратна информација кога Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) ќе биде уништен, наведуваат од МЖСПП.

Активноста е дел од проектот за Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС” Скопје”.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари