МЗ појаснува: За транзит низ Македонија не е потребен ПЦР тест

Од:

Државјаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и дипломати, членови на нивните семејства и граѓани со двојно државјанство од овие држави, при транзит низ Северна Македонија не треба да приложат ПЦР тест за Ковид-19 не постар од 72 часа, како што е правилото за останатите државјани на овие земји.

Според насоките на Владата и министерствата за здравство, за внатрешни и надворешни работи, објавени на 10 јули, за транзит низ земјава граѓаните на четирите држави при влез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, не е потребно да приложат медицинска потврда од направен ПЦР тест, туку е потребно само да потпишат изјава и во рок од три часа мора да ја напуштат територијата на државата.

При влез на копнен граничен премин, со цел излез на граничен премин за воздушен сообраќај, од Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, потребно е задолжително да прикажат авионски билет (електронски билет) и да потпишат изјава за транзит и во рок од три часа мора да ја напуштат територијата на државата.

Финските власти вчера соопштија дека 24 од 157 патници кои во саботата од Скопје со авион пристигнале во Турку биле позитивни на Ковид-19. Според македонските здравствени власти, повеќето од патниците се од Косово и Финска, а само двајца од Македонија.

Македонското Министерство за здравство по извршените проверки за сите патници, информира дека никој од нив не е регистриран во базата на позитивни случаи со Ковид-19 во нашата земја, што значи немаат решение за изолација како позитивни од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Бугарија ги укинува таксите за транзит на рускиот гас кон Србија и Унгарија

Орце Костов

Се враќаат границите во ЕУ поради мигранти – По Германија и Австрија и Чешка воведоа контроли

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски