МВР за упадот кај донациите од Заеви: Интервениравме поради непочитување на забраната за движење

Од:

Министерството за внатрешни работи преку соопштение информира дека интервенирале во магацин каде се донациите од Заеви поради непочитување на одлуката за движење.

Ве известуваме дека на 29. 04.2020 година, постапувајќи по План и задачи за непочитување на Одлуката на Владата за забрана за движење, во 22,30 часот, во Струмица, на ул:“Ѓорги Трајков’ од страна на полициски службеници од СВР-Струмица, биле затекнати 11 лица и поголем број на пакети со непозната содржина. Од страна на полициски службеници лицата се легитимирани по што е констатирано дека дел од лицата поседуваат дозволи за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение за хуманитарни цели “Сите заедно можеме“ а дел од лицата поседуват Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица на 10.04.2020 година.

По овластување на дежурен Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР-Струмица и со Потврда за привременио одземени предмети се одземи предметните дозволи и известувања со цел проверка на веродостојноста на истите.

По насоки за постапување од Јавниот обвинител дадена е Наредба на полициски службеници физички да се обезбедуват пакетите со непозната содржина се до моментот на доставување на целокупната документација за истите од страна на Здружението за хуманитарни цели “Сите заедно можеме“.

Приведени лица во ПС од ОН- Струмица нема. На 30.04.2020 година три лица се повикани на разговор во СВР-Струмица, по извршен службен разговор лицата си заминале од СВР-Струмица. Во моментот се работи на целосно расчитување и документирање на случајот во координација со ОЈО-Струмица.

Со цел да се утврди дали полициските службеници постапиле согласно правилата и процудурите за постапување од страна на Одделот за внатрешна контрола ќе бидат преземени мерки и соодветно ќе биде информирана јавноста.

Синоќа полицијата со шест возила изврши упад во магацинот каде се пакува хуманитарната помош, донација од семејството Заеви. Претседателот на невладината „Сите заедно можеме“, Александар Маркоски, вели дека во акцијата на полицијата гледа политичка заднина бидејќи стоката е донирана од семејството Заеви, а хуманитарната акција е стопирана бидејќи не им одговара на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа