МВР: Струга, Охрид и Кичево да ги почитуваат мерките, а во кризните подрачја има засилена обиколка

Од:

Министерството за внатрешни работи информираше дека од безбедносен аспект, состојбата во Дебар и Центар Жупа каде е прогласена кризна состојба, во изминатово деноноќие е стабилна.

Полициските службеници вршеле засилена деноноќна обиколка и контрола на угостителски и други јавни објекти во двете општини и приградските населби (маркети, ноќни клубови, фитнес салони), со цел доследно спроведување на мерките за спречување на внесување, ширење и за сузбивање на корона вирусот, што ги презема Владата.

„На терен, течат мерките за контрола на патнички и други моторни возила за влез во Дебар и Центар Жупа, се дозволува влез само на лица кои се жители на општините, а истовремено оневозможен е, односно строго забранет излез на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Нема проблеми во однос на дотур на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини“, велат од МВР.

Тие упатуваат апел до сите граѓани на Дебар и Центар Жупа, но и до граѓаните на општините Струга, Охрид и Кичево, строго да се придржуваат до препорачаните мерки и насоки усвоени од Владата во врска со спречување на ширењето на коронавирусот (COVID-19).

„Сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик“, предупредуваат од МВР.

 

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски