МВР со детали за сообраќајката во која загина возач од Гевгелија

Од:

Утринава околу 5.35 часот во СВР Штип било пријавено дека кај клучка со автопат Штип-Миладиновци, во близина на населба Три Чешми – Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.К.(36) од Гевгелија и товарно возило „ман“ со косовски национални ознаки, управувано од О.Б.(26) од с.Блаце, скопско.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал возачот на патничкото возило, а смрт констатирал лекар.

Додека, возачот на товарното возило се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид извршила екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа