МВР: Приведени осум лица за настаните во и околу Собранието

Од:

Полицијата за синоќешните настани во и околу Собранието привела осум лица кои се задржани во Полициската станица во Гази Баба. Обезбеден е и видео материјал од Собранието со цел идентификација на лицата што ги нападнаа пратениците, новинарите и други лица во собраниската зграда и се преземаат сите мерки за расчистување на овие настани, соопшти денеска на прес-конференција во МВР помошник министерот за внатрешни работи Јордан Ламаноски.

Осумдесет и три лица побарале медицинска помош во Ургентниот центар, во Градската општа болница „8 Септември“ и во Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Повредени биле 25 полицајци, 54 граѓани, тројца пратеници, како и еден новинар. Од таму најавија дополнителни информации во текот на овој ден.

Ламаноски, како и претходно министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, повтори дека во истрагата за сите случувања во и околу Собранието од синоќа е вклучена и внатрешната контрола на МВР која треба да утврди дали се вистинити информациите дека дел од полицајците не ги извршувале своите професионални задачи.

Настаните според МВР почнале вчера околу 19 часот кога поголема група граѓани влегоа во Собранието и физички биле нападнати повеќе лица, меѓу кои и пратеници. Собранието, според Ламаноски, било испразнето околу 22 часот и 30 минути. Според проценките на полицијата во и околу Собранието синоќа имало околу 5.000 граѓани, а 40 минути по полноќ пред зградата на Законодавниот дом останале приближно околу илјада граѓани и биле поставени пет шатори.

Појасни дека за полицијата проблем за безбедно извлекување на повредените лица била поголемата маса народ пред и во објектот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари