МВР преку демант сака да го спинува влезот на обезбедувањето на Груевски во ТВ21

Од:

Министерството за Внатрешни работи преку соопштение се обидува да го спинува влезот на обезбедувањето на екс премиерот Никола Груевски во ТВ21.

Според нив, обезбедувањето постапувaло според планот и задачите и не влегло во телевизијата, туку во кафулето до телевизијата, велат од МВР, а кафулето е сопственост и територија на ТВ21 каде и го пронајдоа новинарот.

„Оперативните сознанија кои ги имаат за потенцијални ризици службените лица легитимирале еден граѓанин кој без да се идентификува започнал да снима. Без примена на сила тие го замолиле да ги избрише снимките кои ги направил. Според нивниот исказ тоа се случило во угостителски објект (кафуле), а не во телевизија како што беше објавено во некои медиуми. Доколку има било каква преставка против нив, Одделот за внатрешна контрола ќе постапува по истата“, стои во демантот на МВР.

Иако го бранат обезбедувањето, тие не објаснуваат како и со кој закон обезбедувањето на Груевски бара од новинар да ја избрише снимката и што го прави екс премиерот поразличен од другите граѓани, па не смее да биде сниман.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР