МВР потврди дека го чешла интервјуто на Латас – се е документирано

Од:

Веднаш по острите реакции на јавноста и на невладини организации, за интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас, МВР превзела мерки за да се одреди дали има основ за понатамошно постапување.

Од МВР за А1он потврдуваат дека секторот за компјутерски криминал веќе превзел мерки и има документиран материјал.

„Денеска (20.02.2023), МВР поднесе Известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со претходно објавено интервју на С.Л. со Д.П.Л., како подкаст на Јутјуб канал. Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување“ велат од МВР за А1он.

Како што објавивме претходно одделот за компјутерски криминал веќе за ова ги известил и од обвинителството, од каде за А1он потврдија дека предметот е стасан до нив и дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.

Во интервјуто во еден дел Латас раскажувајќи за своето прво сексуално искуство кажува дека како 15-годишник бил повикан од познаник кој му рекол да „влезе во фичото и да работи“ додека внатре била распарталена жена. Претходно Латас го опишува пријателот како син на полициски моќник во тоа време, кој си сакал  сите девојки пред сексуалниот чин да ги „шамара“.

 

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ