МВР: Полицаецот во Струмица неосновано, неоправдано и неправилно употребил огнено оружје

Од:

Одделот за внатрешна контрола во МВР, по извршувањето на потребните проверки во врска со настанот од 11 август во Струмица, каде што полицаец рани двајца малолетници, утврдил дека полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно употребил огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г. и постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција.

Против него е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Спасовски полицаецот ќе биде отстранет од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

До надлежниот јавен обвинител била поднесена и кривична пријава за обид за убиство.

Од МВР информираат дека најостро ги осудуваат обидите за манипулација со овој настан.

-За разлика од времето кога раководството на МВР ги криеше злосторствата од јавноста, МВР сега демонстрира максимална транспарентност и професионално работење со цел да обезбеди законите да важат подеднакво за сите, се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари