МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Пробиштип

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Г.А., од Пробиштип, вработен во полициска станица на ОВР Пробиштип при СВР Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

„Имено, пријавениот, во својство на полициски службеник, на 27.03.2022 година при извршувањето на службени дејствија на јавно место во село Добрево, општина Пробиштип, неосновано и прекумерно употребил физичка сила и застрашување врз едно лице од пробиштипско село. Против полицискиот службеник ќе биде покрената и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари