МВР: Откриено е лицето кое упатило закани кон судија на Уставен суд

Од:

Заканите кон судија на Уставен суд кои денеска ги пријави претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, биле преку социјална мрежа, а нив ги упатило лицето С.И, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Денеска околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа, стои во соопштението од МВР.

Оттаму дополнуваат дека МВР веднаш презема соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он