Двајца приведени поради фотографирање на избирачките места во Кисела Вода и Кичево

Од:

До министерството за внатрешни работи пристигнати се повеќе пријави за изборни нерегуларности на избирачките места ширум државата. Досега се приведени 2 лица поради неовластено сликање со мобилен телефон на местата каде се врши гласањето.

Во 12 и 30 часот, од Општинската изборна комисија на гласачко место број 0764 во село Другово, Кичево пријавено е дека Ј.Ј. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Лицето е повикано во ПС ОН Кичево и известен е јавен обвинител.

Исто така во 14,30 часот, од страна на заменик претседател на Избирачкиот одбор на гласачко место број 2666, во Основното училиште „Златан Сремац“, на подрачје на ПС ОН Кисела Вода, пријавено е дека В. Ч. (31) од Скопје од ходникот со мобилен телефон го сликал избирачкиот одбор. Од страна на полициски службеници лицето е задржано и во ПС за понатамошна постапка.

МВР ги демантира наводите на една од политичките партии која во текот на денот објави оти двајца нејзини членови се приведени во кочанската општина Чешиново-облешево.

-Во ПС ОН Кочани, С. С. телефонски пријавил дека на гласачките места број 875 и 876 во село Чешиново, Кочани, неовластено се задржувале неколку лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата. Од страна на општинскиот огранок на политичка партија од Чешиново-Облешево во писмена форма пријавено е дека две лица од село Облешево со патничко возило вршеле агитација во село Облешево. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и не се потврдени наводите од пријавата, велат од Министерството за внатрешни работи.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он