МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата за убиствата на Вања и Панче тврди ВМРО-ДПМНЕ

Од:

МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски, што ја отвора дилемата дали Вања можела да биде спасена.Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргнала во потрага по возилото на убиениот Панче по што полицијата ширум државата преку редовни контроли можела да го лоцира за неколку часа велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Доколку имало централна објава за возилото на тогаш исчезнатиот Панче многу мала е веројатноста дека истото слободно ќе се движело низ Скопје. Истовремено Спасовски мора да каже зошто МВР не стапило во контакт со СВР Скопје, за преку системот Сејф Сити да се утврди дали истото е регистрирано на територија на Град Скопје, кога и каде.Системот ги имал сите мерки на располагање убиството на Панче да биде расчистено многу бргу, преку пронаоѓање на возилото кое му е одземено.Доколку МВР на Спасовски го пронашла возилото на убиениот Панче ќе дошла веднаш и до убијците, а животот на Вања ќе беше спасен.Спасовски е должен да одговори, зошто истрагата е водена бавно и со пропусти, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче