МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Од:

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки.

– Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на е-маил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, се наведува во соопштението од МВР.

По дојавите за бомби испратени на е-маил, вчера сите попладневни активности во тие училишта беа прекинати, а децата испратени дома.

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски