МВР: Кражба на аптека во скопско, палени контејнери кај пазарот Буњаковец

Од:

Во СВР Скопје вчера околу 08.30 часот И.Х.(60) од с.Љубин, скопско, вработен во аптека на ул.„Борис Сарафов“ пријавил дека во аптеката била извршена тешка кражба. Увидна екипа од СВР Скопје констатирала дека во периодот од 19.00 часот на 27.03. до 08.00 часот на 28.03.2020 непознато лице насилно влегло во аптеката и одземало производи и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Како што информираат од МВР, синоќа во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на пазар Буњаковец на бул.„Партизански одреди“ настанал пожар, при што биле опожарени контејнери, сопственост на ЈП Комунална хигиена Скопје. Пожарот е изгаснат од Противпожараната единица од Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против лице од скопско, расчистени четири тешки кражби

Ги намаливме кражбите, ама и граѓаните треба подобро да се штитат, порачува Спасовски

Жарко Настоски

Дрски скопски крадци влегле преку балкон и ограбиле мајка и ќерка, додека жртвите спиеле

Жарко Настоски

Тројца малолетници осомничени за 12 кражби во Тетово

Штипската полиција фати тинејџер-сериски арамија кој извршил 22 кражби

Жарко Настоски

Сторени се повеќе кривични дела „тешки кражби“ од куќи и станови во Куманово

А1он