МВР: Јакимовски не го возел џипот што удри моторџија

Од:

Министерството за внатрешни работи потврди дека имало сообраќајна несреќа во која учествувал џипот на ексградоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, но не го возел тој. Џипот удрил во мотор, а моторџијата веднаш бил пренесен во болница.

„Денеска во 13 часот на булеварот М.Т. Гологанов во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски таблички, управувано од Е. Ј. (53), и мотоцикл со скопски регистарски таблички, управуван од Ѓ. А. (37). Ѓ.А. со возило на итната помош е префрлен на Ургентниот центар. Полициски службеници во моментот вршат увид на местото на настанот“, извести МВР.

По сообраќајната незгода, очевидци јавија дека Јакимовски, заедно со уште неколку луѓе, стои на тротоарот во близина на автомобилот. Тој не сакаше да зборува за несреќата.

„Ваш проблем, пишете што сакате. Сите ли што стојат овде направиле сообраќајка“, кусо изјави Јакимовски за А1он.

Јакимовски на својата официјална страница на „Фејсбук“, пак, напиша дека не е точна информацијата оти имал сообраќајна незгода.

Би можело да ве интересира

Јакимовски од ГРОМ го призна поразот, апсолутната власт според него носи девијации и ретроградни процеси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јакимовски: Политиката да ги тргне рацете од судството, културата, здравството и образованието

Јакимовски призна пораз: Со среќа нека ви биде изборот, честитки до Сиљановска-Давкова

Орце Костов

Јакимовски: Сите сме одговорни за државата и тие што бираат и функционерите

Катерина Ѓуровски

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

Јакимовски: Нема да молчам никому и подготвен сум и глава да дадам за достоинството на Македонија