МВР го демантира Мицкоски дека е следен и оти се подготвува негово апсење

Од:

Министерството за внатрешни работи го демантира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој изјави дека дека полициски службеници го следат од политички мотиви и подготвуваат негово апсење.

– Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чиј претседател е Мицкоски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства, стои во денешниот демант од МВР.

МВР, се подлвекува, својата работа ја фокусира исклучиво кон сузбивање на сите облици на криминал, користејќи ги законските можности што му стојат на располагање.

Во демантот, МВР ја информира јавноста и дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски