МВР: Фантомските гласачи од Пустец се турски државјани

Од:

Министерството за внатрешни работи, во врска во наводните жители на Пустец регистрирани на адреса на улицата „Народен Фронт“ во Скопје, утврдило дека се работи за класична манипулација со јавноста бидејќи, посочуваат, лицата немаат никаква врска ниту со Пустец, ниту со Република Албанија, туку без своја воља и знаење биле снимани и вовлечени во црна изборна пропаганда.

Полицијата веднаш по објавувањето снимки на некои од медиумите излегла на терен за да ја утврди фактичката состојба на посочената адреса, при што биле пронајдени лицата снимани и емитувани од страна на некои медиуми и Социјал-демократскиот сојуз.

Станува збор за лицата И.Х.О., роден на 29.11.1991 година и А.А., роден на 07.06.1992 година, двајцата родени во Дијарбекир, Турција, со важечки турски патни исправи.

Двајцата турски државјани, посочуваат од МВР, студираат во Република Македонија и поседуваат валидни дозволи за привремен престој во земјава за кои аплицирале во Министерството за внатрешни работи во декември минатата година.

Во разговор со сопственикот на станот на адресата посочена од СДСМ и некои медиуми, потврдено е дека во него престојуваат пет лица, студенти од Турција и приложени се нивните патни исправи. Тие се пристигнати во Република Македонија преку агенција за посредување при школување „Анадолу Едјукејшн“ лоцирана до Амбасадата на Италија. Околу 20 часот повикан е и претставник на агенцијата кој го појаснил и потврдил тоа.

Во разговор со лицата посочено е дека завчера околу 18 часот најпрво на врата им заѕвониле засега непознато машко и женско лице. Двајцата им дале пропаганден материјал на СДСМ и кандидатот Андреј Жерновски. Бидејќи лицето кое го примило материјалот не говори македонски јазик, само го зел, го скинал и го фрлил во ѓубре. Околу 22 часот на врата повторно им се појавиле две лица кои без одобрение почнале да ги снимаат и да им поставуваат прашања што студентите не ги разбирале доволно, по што лицата си заминале.

МВР заедно со снимките ќе ја извести турската Амбасада во земјава и, како што истакнуваат, заради добрите и пријателски врски ќе им понуди помош во идентификување на лицата, доколку злоупотребените турски државјани одлучат да покренат постапка и да бараат надомест на штета.
За манипулацијата пласирана преку некои медиуми, информираат од МВР, ќе бидат известени претставниците на набљудувачките мисии.

– Иако од осомничениот во случајот со двојните лични карти во Охрид, беше посочено дека токму вчера требало да биде обелоденето сценариото за делегитимирањето на изборите, МВР апелира учесниците во изборниот процес да се придржуваат до етичкиот кодекс, соопштува МВР.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он