МВР бара Обвинителството да утврди одговорност кај Тричковски за статусот за Мизрахи

Од:

Министерството за внатрешни работи достави известување до Обвинителството за објавениот статус на новинарот Бранко Тричковски во кој пишува: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“, поради како што велат, утврдување и документирање на содржина со говор на омраза. Оттаму велат дека треба да се побараат податоци од компанијата „Фејсбук“ за кориснички податоци за профилот на Тричковски каде е објавен статусот.

„По добивање на потребните податоци ќе бидат преземени соодветните мерки и активности со цел утврдување на сторителот на кривичното дело по член 394-г – ‘Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем’ и член 319 – ‘Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа’, предвидени во Кривичниот закон“, информираат од МВР.

Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи!

Posted by Branko Trickovski on Четврток, 06 февруари 2020

Остри реакции и осуди за Тричковски испратија и од партиите СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол