Музички хепенинг „Ритмички круг-заедно како едно срце“ во Кочани

Од:

Музички хепенинг „Ритмички круг-заедно како едно срце“ со ученици, наставници, музичари и случајни минувачи се одржа денеска во градскиот парк во Кочани.

Настанот го водеше перкусионистот Драган Теодосиев студент на Музичката академија во Штип, во соработка со други локални музичари, а во соработка со ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани

Според Зоја Наскова од Центарот за заедничка основа од Скопје, настанот е дел од серија хепенинзи во Дебар, Кочани и Пештани.

– Овие ритмички хепенинзи ќе преставуваат една метафора за моќта на заедништвото, соработката и позитивната енергија меѓу граѓаните на една заедница. Ќе реализираме кругови на ритам на јавни места, инволвирајќи ги граѓаните во заедничко „удирање“ во ритам, во знак на моќта на граѓаните и сè што можат заедно да постигнат во подобрување на животот во своите заедници. Проектот воедно ќе ги промовира музиката и традиционалните ритми, особено ритамот како медиум за духовно здравје и како техника за развивање на тимската работа, врз основите на богатите традиции кои ги имаме во наследство, како и врз основа на модерните текови во ова поле, истакна Наскова.

Настанот е како дел од иницијативата „Нов културен бран“ поддржана од Министерството за Култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош