Мустафа: Немаме информации каде се Демири и Исмаиловиќ, но ќе соработуваме со Скопје

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа денеска изјави дека нема информации каде се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во случајот „Монструм“.

Мустафа по денешната трилатерална тактичко-показна вежба „Western Balkan’s flash“, рече дека Приштина ќе соработува со Скопје и ќе постапи согласно законите во врска со барањето за нивна екстрадиција.

– Во моментот немаме информации каде се наоѓаат, но согласно законските процедури ние ќе постапиме и ќе соработуваме со Република Северна Македонија, изјави Мустафа одговорајќи на новинарско прашање дали има информации Демири и Исмаиловиќ и кога ќе бидат екстрадирирани.

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се меѓу обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Двајцата се избегани на Косово, а властите во Скопје по нив распишаа меѓународна потреница и од Косово побараа да бидат екстрадирани во земјава.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски