Мустафа: На Ромите им е преку глава од трговци со гласови

Од:

Со владиниот проект “Декада на Ромите” за прв пат во ромските маала работи механизацијата, за прв пат луѓето го чувствуваат мирисот на асфалтот а децата не газат во кал, рече вечерва министерот без ресор Неждет Мустафа, во отчетот за 5годишнината на спроведувањето на декадата.

Говорејќи пред членовите на Обединетата партија за еманципација, жители на Шуто Оризари и гости од политичкиот живот, Мустафа нагласи дека ОПЕ оди напред бидејќи не живеат песимистички, нивниот пријател не е очајот.

“Ние не живееме под притисок на корупција и криминал, ние сме ромски семејства и живееме за ромскиот сон. Имаме единствена цел да бидеме една заедница која ќе се бори против сиромаштијата и нееднаквиот развој. Мораме да бидеме одговорни пред идните генерации. Можеме да живееме со сите заедници во квалитетна средина, со модерна инфраструктура, со зелени површини, со визија за младите” рече Мустафа.

Ромите, рече, треба да го ценат својот глас бидејќи тука сеуште се ранливи.

“Има жонглери кои сеуште си подигруваат, ја користат нашата сиромаштија, не купуваат како зеленчук или овошје. Јас гарантирам дека на Ромите им е преку глава од таквите трговци на гласови” рече Мустафа.

Тој побара да го слушнат гласот на ОПЕ за да ги проценат вистинските вредности на програмата која ја нудат, бидејќи таа носи промени и подобра иднина.

Понекогаш вели, ќе биде тешко и жешко, но, вети трпеливост, макотрпна работа затоа што општината треба да оди напред.

“И покрај сите тешкотии секој член на ОПЕ, сите симпатизери, граѓани, ќе гласаат за акција а не за политика” – рече вечерва министерот без ресор и претседател на ОПЕ  Неждет Мустафа.

Пред присутните беа претставени многубројните проектите реализирани во овој 5годишен период од декадата на Ромите.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска