Муса Ибраими помина на комисија, ќе биде пратеник од редовите на ДУИ

Од:

Муса Ибраими, кој на последните избори беше кандидат за пратеник на ДУИ во Изборната единица 5 ќе биде нов пратеник во Собранието во останатите денови до распуштање на Собранието.

Следен на листата бил министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, но откако го одбил пратеничкиот мандат поради министерското место, Ибраими го доби сертификатот за пратеник од Државната изборна комисија.

ДИК денеска ги изгласа извештајот за прифаќање на пратеник во Собранието. После известувањето дека на пратеникот Талат Џафери од ДУИ му прекинува мандатот, врз основа на Законот, го известивме Јетон Шаќири, идниот, дека на Џафери му истекува мандатот. Тој не извести дека не го прифаќа мандатот, па го известивме следниот кандидат, Муса Ибраими од Изборната единица 5, кандидат од ДУИ. Тој го прифаќа мандатот за пратеник. Следен пратеник ќе биде Ибраими, кому му е издаден сертификат, рече потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Ибраими бил пратеник од ДУИ во пратеничкиот состав 2014–2016 година. Неговото име денеска помина на комисијата за деловнички и мандатно-имунитентни прашања

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата